05 март 2025
• од Вардарски
На граничните премини со Косово од 1 април ќе се поминува само со едно застанување за пасошка и царинска контрола, најави претседателот на Собранието, Африм Гаши, во емисијата „Контекст“ на косовската телевизија АТВ.
„Врз основа на информациите што ги имам, мислам дека се вршат последните подготовки. Опремата, софтверот се тестираат, зборуваме за финализирање од технички аспект. Во однос на политиката, администрацијата, протоколот, сè е в ред“, рече Гаши, додавајќи дека овој договор ќе го олесни движењето на граѓаните, избегнувајќи двојни застанувања на границата.
„Да биде појасно за вашите гледачи, но и за Албанците овде, станува збор за поминување слично на она што го има Косово со Албанија. Ако тргнете од Скопје, ќе се застанува само на Хан и Елез, без застанување на Блаце. Додека кога ќе доаѓате од Приштина за Скопје, застанувањето ќе се прави само на влезот во Северна Македонија. Податоците ќе бидат споделени меѓу двајцата полицајци и тоа многу ќе ја забрза циркулацијата“, појасни собранискиот спикер.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

