30 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Новата година започнува со нов удар врз домашниот буџет на граѓаните. По најавите за зголемување на цените на електричната енергија, поскапување бележат и основните пекарски производи, меѓу кои и бурекот и кифлите.
Според информации од пекарите, цените на овие производи веќе се зголемени за околу 10 денари, а се очекува овој тренд да се прошири низ сите пекарници во државата во текот на наредната недела. Граѓаните веќе реагираат на новите цени, бидејќи лебот, бурекот и пекарските производи се дел од секојдневната исхрана.
Како главна причина за поскапувањето, производителите го наведуваат најавеното зголемување на цената на електричната енергија, кое стапува на сила од задутре. Струјата претставува еден од најголемите трошоци во пекарската индустрија, особено поради континуираната работа на печките и машините.
Пекарите посочуваат дека корекцијата на цените е неизбежна доколку сакаат да ја зачуваат економската одржливост на своите бизниси. Тие предупредуваат дека доколку трошоците продолжат да растат, можно е и дополнително зголемување на цените во иднина.
Од друга страна, граѓаните стравуваат дека поскапувањето на основните прехранбени производи ќе продолжи и во новата година, што дополнително ќе го оптовари животниот стандард, особено кај семејствата со пониски приходи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

