01 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Сѐ потешко, сѐ понеиздржливо. Од полноќ граѓаните на Северна Македонија ќе се соочат со нов ценовен шок. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство – горива што се основа на секојдневието на илјадници семејства.
Дизелот, кој е крвотокот на транспортот, јавниот превоз и земјоделството, ќе биде поскап за 0,50 денари и ќе изнесува 68,50 денари по литар. Истата судбина ја снајде и екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по 68 денари за литар. Во време кога секое семејство брои денари за да го преживее месецот, ова поскапување носи уште еден удар по празните џебови на граѓаните.
Бензините, барем засега, остануваат на иста цена – ЕУРОСУПЕР БС-95 по 75 денари за литар и ЕУРОСУПЕР БС-98 по 77 денари. Но, тоа е слаба утеха. Секое покачување на дизелот автоматски значи поскапа храна, повисоки трошоци за транспорт и нова инфлациска спирала што ја разјадува и онака разнишаната економија.
Сценариото е познато – прво половина денар, утре денар, задутре повеќе. Во држава во која платите заостануваат, а цените постојано растат, граѓаните повторно остануваат заложници на политики и одлуки што не им оставаат простор за достоинствен живот.
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Македонија останува без деца: За една деценија исчезнаа 27 илјади ученици
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден