24 март 2025
• од Гоце Кически
Во попладневните часови на патниот правец Маврови Анови – Дебар, од поголем одрон затрупана е едната лента од коловозот во должина од 20 до 30 метри. Како последица на оваа несреќа, сообраќајот на оваа деоница не се одвива.
Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) информира дека сообраќајот се одвива наизменично по другата коловозна лента, додека не се расчисти одронот.
Во редовниот пладневен извештај, АМСМ исто така потврди дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да бидат внимателни и да се движат со претпазливост, особено на патиштата кои се подложни на клизишта и одрони, како и да ги следат упатствата на сообраќајната сигнализација.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

