24 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Случајот „Онкологија“ и понатаму предизвикува реакции во јавноста, особено меѓу пациентите кои секојдневно се борат за својот живот.
Судот вчера и изрече две години условна казна на докторката Мери Пешевска, обвинета за несовесно лекување. Според одлуката, казната нема да се изврши доколку во рок од пет години не стори ново дело. Пешевска призна вина и им се извини на оштетените пациенти. Таа објасни дека доктор Васев бил ординацискиот лекар на пациентите, но нејзиниот факсимил бил оставен на шалтер и користен од сите. Дополнително призна дека нејзиниот печат го користеле специјализанти, што според неа било дозволено од небрежност, но останува нејзина одговорност.
Во групите за поддршка на онколошки пациенти на социјалните мрежи, вчера беше поставено прашање: дали и понатаму ќе се лечат кај доктор Пешевска.
Одговорите беа измешани. Дел од пациентите изјавија дека ќе продолжат со третманите кај неа, убедени дека таа не сторила ништо што директно би им наштетило. Според нив, печатот бил оставен единствено за пациентите да можат да добијат лекови и помош и во нејзино отсуство. Други, пак, сметаат дека пресудата е премногу блага и дека на Пешевска не треба да и се дозволи повторно да лекува.
Некои пациенти веруваат дека случајот има политичка позадина и дека докторката станала жртва на пошироки игри. Сепак, најголемиот дел од реакциите не застануваат само на Пешевска – тие укажуваат на поширок проблем: хроничниот недостаток на лекови. Пациентите истакнуваат дека токму тоа е најгорливиот проблем кој директно им го загрозува животот.
Наместо да се делат по однос на поединечни случаи, голем дел од онколошките пациенти повикуваат на заеднички протест. Тие бараат подобра здравствена услуга, навремена терапија и сигурен пристап до лекови што за нив значат живот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

