27 мај 2025
• од Вардарски
Потпретседателката на Бугарија, Иљјана Јотова, во ексклузивно интервју за бугарскиот медиум „Куберов воин“ остро реагираше на тековните судски процеси против Љупчо Георгиевски од Битола и Драги Каров од Велес, за кои вели дека се предмет на репресија поради нивната јавно искажана бугарска самосвест.
Во разговорот, Јотова потсети на низа инциденти кои ја продлабочуваат тензијата во билатералните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.
„Односите се наоѓаат во многу комплицирана фаза. Оваа ситуација трае веќе неколку години – уште од отворањето на културниот центар.“
Потпретседателката се осврна и на нападите врз бугарските културни установи во земјава, вклучително и во Охрид и Скопје.
„Се сеќавате, имаше инциденти – со палење и кршење на просториите на тој центар, како и на оној во Охрид. Не треба да се заборави и вандалскиот напад врз официјалниот бугарски културен центар во Скопје.“
Јотова изрази надеж дека македонските власти ќе постапат одговорно и во европски дух:
„Секогаш сме се надевале дека ќе се појават разумни и визионерски политичари во Република Северна Македонија кои не само што ќе ја познаваат историјата, туку и ќе ја предвидат иднината на својата земја која тежнее кон членство во Европската Унија.“
Во контекст на правната битка со која се соочуваат Георгиевски и Каров, Јотова упати недвосмислена порака:
„Се надевам дека овие процеси ќе завршат поволно за лицата со бугарски корени и самосвест. Свесни сме дека сега не им е лесно.“
На прашањето дали тие можат да сметаат на поддршка од официјална Софија, нејзиниот одговор беше краток и јасен:
„Тие можат да сметаат на нас во секое време!“
Јотова повика јавноста да го сподели интервјуто, со цел, како што рече, „гласот на вистината да се чуе“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

