07 февруари 2025
• од Вардарски
30-дневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски. Ваква одлука донесе судија на претходна постапка поради опасност од бегство и можност за влијание на сведоци. За второосомничениот мерки на претпазливост и забрана за напуштање на живеалиштето.
Јавното обвинителство на товар му става 3 кривични дела, примање поткуп, проневера и несовесно работење во службата. Во период од јуни 2021 до јуни 2024 се иззел од постапките за 5 јавни набавки во кои била избрана фирмата на второосомничениот, со што прибавил материјална корист за себе и сопругата.
Мирчевски лажирал службени патувања во странство. Потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, авиобилети, со што според обвинителството се стекнал со имотно-правна корист и го оштетил буџетот за над милион и 700 илјади и за дополнителни 3, 4 милиони денари за исплата на плата на пилот кој не ги исполнил потребните услови.
За Пеце Мирчевски неколку пати постапка водела и Антикорупциска. Тој раководеше со службата за општи и заеднички работи во периодот од јуни 2017 до јуни 2024 година.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

