29 април 2025
• од Вардарски
На собраниската седница посветена на интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, остро го обвини министерот дека ја контаминирал истрагата за трагедијата во Кочани.
Петровска посочи дека трагичниот настан е резултат на сериозни системски пропусти, но додаде дека системот има конкретни имиња и презимиња кои сносат одговорност. Според неа, токму на денот на трагедијата, раководството на Министерството за внатрешни работи, вклучително и самиот Тошковски, постапувале не по закон, туку под влијание на партиски и роднински врски.
„На денот на трагедијата, министерот и дел од раководството на МВР избраа да ги заштитат блиските наместо да постапат по закон,“ истакна Петровска. Таа нагласи дека Тошковски, иако искусен правник и адвокат, свесно ја избегнал одговорноста на раководните структури во Министерството.
Петровска го обвини министерот дека ги заштитил оние кои имале обврска да спречат вакви настани и дека ја попречил истрагата споделувајќи доверливи информации со неовластени лица, што резултирало со политички злоупотреби. „Со тоа што дозволивте продолжување на работата на раководните полициски службеници по трагедијата, им овозможивте манипулација со доказите и прикривање на одговорноста,“ додаде таа.
Во своето обраќање, Петровска истакна дека само под притисок на експертската јавност дошло до промени во раководството на полицијата. Таа потсети дека семејствата на настраданите дојдоа во Скопје за да побараат средба со пратениците и побараа правда, затоа што, како што рече, „ние сме нивни избраници и должни сме да им дадеме одговори.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

