21 април 2025
• од Вардарски
Во раните утрински часови вчера, на улицата „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа во која учествувал полициски службеник кој бил под дејство на алкохол. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полицијата го привела 25-годишниот В.С. од општина Росоман, откако со своето патничко возило „Мерцедес“ со кавадаречки регистарски таблички излетал од патот и удрил во бандера.
По извршената алкотест контрола, било утврдено дека В.С. имал 1,59 промили алкохол во крвта. Веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициската станица во Кавадарци.
МВР информираше дека против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Според информациите до кои дојде Инфомакс, В.С. е активен полициски службеник, а ваквата информација ја потврдија и од Секторот за внатрешни работи Велес.
„Лицето В.С. е полициски службеник кој во моментот на инцидентот не бил на должност. За него, како и за сите други граѓани, важат истите законски правила и прописи“, изјавија од СВР Велес.
Настанот повторно го отвора прашањето за одговорноста на службени лица и потребата од доследно почитување на законот, без разлика на професијата или статусот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

