12 август 2026
• од Темелко Тошев
По дури 17 и пол години поминати зад затворските решетки, 71-годишната Шефије Јакупи од кичевското село Зајас доби помилување од претседателката на државата.
Случајот кој своевремено ја згрози и шокираше целата македонска јавност поради незапаметената бруталност, повторно се најде во фокусот откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша одлука за нејзино делумно помилување.
Шефије Јакупи издржуваше 20-годишна затворска казна за едно од најморбидните злосторства во поновата историја на земјава. Таа беше осудена бидејќи брутално го убила својот сопруг, по што го искасапила неговото тело користејќи електричен сечач за леб – детали кои тогаш ја оставија јавноста во неверување.
Сепак, со оглед на тоа што таа веќе има одлежано најголем дел од казната – речиси 17,5 години – и нејзината возраст од 71 година, претседателката донесе одлука со која затворската казна ѝ се намалува за 1 година и 6 месеци.
Со оваа одлука за намалување на остатокот од изречената 20-годишна санкција, значително се забрзува нејзиното излегување на слобода по речиси две децении поминати во казнено-поправните установи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

