12 август 2026
• од Темелко Тошев
Вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ, која е дел од тимот што учествувал во изработка на градежното вештачење, изјави дека објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс“ во Кочани бил нелегално пренаменет.
На судењето за пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, таа посочи дека од 1998 година до денес, согласно урбанистичко-планската документација на Град Кочани и Законот за градење, на таа локација не е дозволена пренамена од индустриски објект во објект за вршење угостителска дејност. Сепак, од 2012 година, инвеститорот започнал да користи дел од објектот како дискотека/кабаре, што е спротивно на Деталниот урбанистички план (ДУП) и законската легислатива.
Зоната Г10, каде што се наоѓа дискотеката, според плановите од 1998 и 2013 година, е наменета исклучиво за лесна индустрија и мало стопанство. Според Ангелковиќ, од намената на објектот зависат сите останати параметри како површина, височина, катност, пристап и паркирање, но и конструктивните, функционалните и безбедносните барања што градбата мора да ги исполни.
Обвинителот Дарко Јакимовски посочи дека градежното вештачење опфаќа повеќе области, а на рочиштето биле разгледани аспектите поврзани со урбанизмот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

