12 август 2026
• од Темелко Тошев
Додека државата се соочува со континуиран бран на иселување, македонската дијаспора во странство бележи раст, но овојпат преку еден поинаков и интересен тренд. Бројот на македонски државјани се зголемува не само од новите емигранти, туку и преку семејствата кои нашинците ги формираат надвор од границите на Македонија.
Според неофицијални податоци на кои се повикува порталот „Либертас“, само во текот на оваа година преку македонската амбасада во Австралија биле издадени околу 700 патни исправи на жени по потекло од Филипините. Станува збор за Филипинки кои стапиле во брак со македонски државјани и токму по таа основа се стекнале со правото на македонски пасош.
Овој податок отвора и една друга перспектива – со добивањето на македонско државјанство, овие жени автоматски се стекнуваат со право на глас. Тоа значи дека веќе на следните избори тие ќе имаат можност активно да влијаат врз македонската внатрешна политика и изборните резултати.
Сепак, Филипинките во Австралија се само еден дел од оваа нова, поширока слика. И во Македонија, низ Скопје и другите поголеми градови, сè почесто можат да се забележат странски државјани од Африка, Азија, како и од други европски земји, кои зборуваат македонски јазик и кои преку брачните врски стануваат нов, интегрален дел од македонската дијаспора и општество.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

