09 август 2026
• од Стефан Николов
Германија секојдневно се соочува со шпионажа, саботажи, кибернапади и други хибридни закани од странски сили, предупреди германскиот министер за внатрешни работи Александер Добринт.
Според него, целта на ваквите активности е дестабилизација на земјата и нанесување директна штета. Предупредувањето следува по откривањето дрон со експлозив во близина на аеродромот во Лајпциг.
Добринт претходно изјави дека постојат индиции оти зад инцидентот со дронот може да стои странска држава, но не посочи конкретна земја.
Аеродромот во Лајпциг има стратешко значење за НАТО и се користи за воен транспорт кон Украина. Дронот бил пронајден на само неколку метри од украински авион кој бил сместен таму за да биде заштитен од руските напади.
Германските власти во исто време предупредуваат дека Русија секојдневно се обидува да влијае врз состојбите во земјата, со активности кои, според Берлин, имаат цел да ја поткопаат демократијата и довербата во политичките институции.
Зголемена будност: Во Македонија потврдени 13 случаи на Западнонилска треска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

