09 август 2026
• од Гоце Кически
СДСМ побара да бидат поништени огласите за продажба на државно градежно земјиште во Штип, обвинувајќи ја локалната власт дека постапката отвора сомнежи за фаворизирање бизнис-интереси.
Претседателот на СДММ, Трајче Стојчевски, на прес-конференција изјави дека станува збор за земјиште кај познатите штипски „Печурки“, каде што, според него, со години работат повеќе правни субјекти од кои егзистираат граѓани и нивните семејства.
Од СДСМ прашуваат дали градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, разговарал со луѓето кои работат на оваа локација и дали тие биле консултирани за плановите за изградба на шеснаесеткатница.
Партијата тврди дека сомнежи отвораат условите во огласите, нивното објавување во период на годишни одмори, како и тоа што постапката се повторува по трет пат со променети услови. Според СДСМ, земјиштето се нуди по цена од 1.600 денари за квадратен метар.
Од партијата бараат јавноста да добие одговор зошто биле менувани условите, кој би профитирал од планираната изградба и дали тие се приспособени за одредени компании.
„Државното земјиште не е партиски плен“, порачаа од СДСМ, барајќи огласите да бидат поништени додека не се расчистат сите сомнежи околу постапката.
Зголемена будност: Во Македонија потврдени 13 случаи на Западнонилска треска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

