08 август 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во своето најново излагање испрати силна порака за важноста на континуираното образование, читањето и интелектуалната надоградба, директно одговарајќи на потсмевите во јавниот простор.
Осврнувајќи се на коментарите од инфлуенсерот познат како Бетмен, кој, според Георгиевски, терал шега на сметка на неговиот имењак од Битола, поранешниот премиер застана во одбрана на моќта на книгата и знаењето.
„Јас цел живот читам, од тогаш до денес не престанав да читам. Што му се смее овој Бетмен на мојот имењак од Битола... вика читаше, читаше и стана, нели, од Македонец Бугарин. Е, да, Бетмен, луѓето со читање стануваат сѐ!“ – истакна Георгиевски.
Тој нагласи дека секој интелектуален напредок и професионален успех започнува токму од книгите. Според него, иако праксата е неопходна, теоретската основа е незаменлива за секоја професија.
„Со читање стануваат и добри правници, со читање стануваат и добри доктори. Нормално, треба и пракса, ама прво треба да се чита. Со читање стануваат и инженери, филозофи и сѐ што сака човек да биде. Интелектуално се надоградува само со читање,“ појаснува тој.
Посебен акцент во своето излагање Георгиевски стави на познавањето на историјата, критикувајќи го пристапот на базирање на историски ставови исклучиво врз основа на скромните школски знаења.
„Ако некој сака да знае нешто за историјата, треба да чита. Не можеме да останеме на она што сме го научиле во гимназијата во трета година,“ дециден е поранешниот премиер.
Навраќајќи се на своите младешки години и времето поминато меѓу книгите, тој сподели и краток личен спомен од универзитетската библиотека, каде што го запознал Стојче Наумов, тогашен асистент по историја на уметност и есеист во „Нова Македонија“, потенцирајќи ја важноста на таа интелектуална средина за неговиот личен развој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

