08 август 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, во свое неодамнешно излагање се осврна на почетоците на партијата и улогата на еден од нејзините најзначајни идеолози, Драган Богдановски. Притоа, тој упати остри критики кон денешното членство и раководство на партијата, обвинувајќи ги за идеолошко скршнување.
Според Георгиевски, денешните поддржувачи на партијата имаат погрешна перцепција за тоа какви биле ставовите на Богдановски, кој бил директна жртва на југословенските тајни служби.
„Да ги разочарам овие денешните југословени и србомани во ВМРО-ДПМНЕ, сите говори на Драган Богдановски беа, исто како и моите, против Југославија, против УДБА и против Србославија. Значи, немој да мислите дека тој беше југословен како што вие денеска сте,“ дециден е Георгиевски, додавајќи дека во тоа време сите од основачкото јадро биле од истата „матрица“.
Во своето сведоштво за првите денови по осамостојувањето и формирањето на партијата, Георгиевски открива малку познати детали за емотивната и физичката состојба на Богдановски за време на јавните настапи.
Тој објаснува дека по основањето на ВМРО-ДПМНЕ, Богдановски ретко се појавувал во јавноста и учествувал на само четири или пет митинзи за време на тогашната изборна кампања.
Објаснувајќи го понатамошниот политички пат на Богдановски, поранешниот премиер посочува дека поради ваквиот развој на настаните, Богдановски набрзо повторно си заминал во странство.
„Тука настана проблемот, тој повторно си замина во странство. Затоа го ставивме за претседател на Задграничниот комитет на партијата, функција која тој ја извршуваше,“ заклучува Георгиевски во своето потсетување на почетоците на македонскиот плурализам.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

