07 август 2026
• од Темелко Тошев
Граѓаните на Општина Брвеница оваа есен ќе бираат нов градоначалник, откако претседателот на Собранието, Африм Гаши, официјално ја потпиша одлуката за распишување на предвремени локални избори, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.
Како што информираат од кабинетот на Гаши, одлуката е донесена целосно во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките законски прописи.
Претседателот на Собранието упати јавен апел до Државната изборна комисија (ДИК), Општинската изборна комисија во Брвеница, како и до сите други надлежни институции, да гарантираат дека изборниот процес ќе биде спроведен професионално, непристрасно и строго според законските процедури.
Во пресрет на изборната трка, Гаши испрати порака и до кандидатите и политичките партии. Тој ги повика да водат позитивна и достоинствена кампања, фокусирана на конкретни програми, идеи и визија за развојот на Брвеница. Собранискиот спикер побара да се избегнуваат пораки кои поттикнуваат поделби меѓу граѓаните или ја нарушуваат довербата во демократскиот процес.
„Убеден сум дека овие избори ќе ја потврдат демократската зрелост на институциите и на нашите граѓани“, истакна Гаши.
За крај, тој ги повика жителите на општина Брвеница на 18 октомври масовно да излезат на гласање и одговорно да го искористат своето право на глас, давајќи свој придонес за мирен, уреден и кредибилен изборен ден.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

