07 август 2026
• од Темелко Тошев
Бура од реакции во јавноста околу употребата на албанскиот јазик на граничните премини и аеродромите. Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, преку социјалните мрежи упати остри критики за отстранувањето на двојазичните табли.
Законот за употреба на јазиците е јасен и дециден, а поставувањето натписи на албански јазик на одредени државни локации не е прашање на политичка волја или слободно толкување, туку строга законска обврска. Ова е пораката што поранешниот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, ја испрати преку својот профил на Фејсбук, реагирајќи на информациите за отстранување на албанскиот јазик од информативните табли.
Во својата објава, Османи директно се повикува на членот 16, став 2 од Законот за употреба на јазиците. Според неговото толкување, овој член недвосмислено ја предвидува употребата на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во соодветниот регион каде што се наоѓаат институциите или објектите.
Како клучни точки каде што овој закон мора стриктно да се применува, тој ги посочува граничните премини:
„Кој го отстранува албанскиот јазик од таблите на овие точки, го крши законот“, порача децидно Османи во своето обраќање до јавноста и институциите.
Овој став на Османи доаѓа во период на зголемени тензии околу јазичните права и отвора сериозна дилема во јавноста. Неговата реакција покренува едно клучно прашање до надлежните: Кој и врз која законска основа дал налог да се отстрануваат натписите на албански јазик од државните граници и аеродроми?
Сега на потег се институциите од кои се очекува да одговорат на овие обвинувања и да ја разјаснат ситуацијата со сообраќајните и информативните табли на граничните премини.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

