10 август 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, во неодамнешно сведоштво открива интригантни детали за почетоците на политичкото организирање, патувањето во Германија и шокантните сознанија за инфилтрацијата на тајните служби во редовите на македонската емиграција.
Евоцирајќи спомени од раните денови на политичкиот активизам, Георгиевски се присетува на ентузијазмот со кој се работело во Скопје пред клучните историски настани.
„Објавуваме огласи, штанцаме овие некои... плакати, нели, рачно штампавме, праќавме луѓе да ги делат по Скопје“, раскажува Георгиевски, присетувајќи се на користењето на старите гештенти за умножување на материјалите.
По почетната еуфорија, следела важна мисија – патување во Минхен, Германија. Целта била јасна: да се најде македонскиот дисидент Драган Богдановски и да се врати назад во Македонија. Георгиевски признава дека заминал со огромни очекувања, надевајќи се на масовна поддршка од дијаспората.
„Одиме во Минхен, јас очекувам тука да нè дочека некоја сала полна со македонски патриоти“, вели тој.
Но, реалноста на терен била сосема поинаква. Наместо сала полна со патриоти, нив ги пречекале само двајца луѓе – самиот Драган Богдановски и Гојко Аковески (брат на Мани Аковески). Ваквата слика предизвикала неверување кај Георгиевски, кој кратко и разочарано искоментирал: „Викам, е, Драган, абе луѓе, ова...“
Сепак, најголемиот шок не бил слабиот одзив во Минхен, туку вистината која излегла на виделина години подоцна. Георгиевски открива дека луѓето во кои дисидентите имале најголема доверба, всушност биле дел од мрежата на југословенските тајни служби.
Како што посочува тој, јатакот на Драган Богдановски, Владо Транталовски од Ресен, работел директно за УДБА.
„Испадна после, според документите кои ги вади Филип Петровски, дека и тој бил соработник на УДБА“, заклучува Георгиевски.
Ова сведоштво фрла нова светлина врз тешките услови во кои се делувало за осамостојувањето на Македонија, покажувајќи колку длабоко биле инфилтрирани тајните служби – дури и во најтесните кругови на луѓето кои важеле за најголеми борци за македонската кауза.
Зголемена будност: Во Македонија потврдени 13 случаи на Западнонилска треска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

