05 август 2026
• од Гоце Кически
Бугарскиот премиер Румен Радев соопшти дека Бугарија го презела Институтот за историја на бугарската емиграција во Северна Америка „Илија Тодоров Гаџев“ во Гоце Делчев, заедно со неговите архиви.
Според бугарската влада, по 15 години напори државата ја купила зградата и документацијата на институтот, кој ќе стане посебна организациска единица во рамки на Државната агенција „Архиви“. Одлуката за купувањето била донесена на седница на бугарската влада на 29 јули.
Радев изјави дека со ова, според него, биле зачувани „непроценливи архиви“ и сведоштва за, како што наведе, „борбите на Македонските Бугари за слобода и национално обединување“, како и за бугарскиот јазик, култура и етничка самосвест на македонската емиграција во САД и Канада од почетокот на 20 век.
Тој додаде дека бугарската влада ќе продолжи, како што рече, „да ја брани историската вистина, сеќавањето и честа на своите предци“. Овие ставови ги изнесе пред почетокот на седницата на Министерскиот совет на Бугарија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

