04 август 2026
• од Тодор Вангелов
Јапонија најави дека ќе го забрза развојот на борбени дронови и ќе ја модернизира својата одбрана, оценувајќи дека современите конфликти покажале колку беспилотните летала и вештачката интелигенција стануваат клучни на бојното поле.
Во новата Бела книга за одбраната, усвоена од јапонската влада, се наведува дека земјата мора да се приспособи на новите начини на војување, инспирирани од искуствата од војната во Украина и конфликтите на Блискиот Исток.
Токио планира развој на домашни борбени дронови кои ќе бидат дел од крајбрежната одбрана и ќе работат заедно со ракети со долг дострел. Јапонските власти истовремено сакаат да ја зајакнат и домашната одбранбена индустрија.
Во документот повторно се посочува дека Кина претставува најголемиот стратешки безбедносен предизвик за Јапонија. Властите изразуваат загриженост поради сè почестото присуство на кинески воени бродови во Пацификот.
Јапонија во последните години значително ги зголеми трошоците за одбрана и започна распоредување ракети со долг дострел како дел од стратегијата за одвраќање на потенцијални закани. Министерот за одбрана Шинџиро Коизуми порача дека „брзината е клучна“ за приспособување кон новите безбедносни предизвици.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

