03 август 2026
• од Димитар Стојановски
Граѓаните на Гостивар и натаму не смеат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна, бидејќи таа сè уште не е безбедна, предупреди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Според Ангелов, во водата е утврдено присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa, поради што таа е микробиолошки неисправна и небезбедна за употреба. Оваа бактерија може да предизвика инфекции на кожата, очите и ушите, како и инфекции на уринарниот тракт и белите дробови, особено кај лица со ослабен имунитет. Дополнително, таа е отпорна на голем број вообичаени антибиотици.
За да се обезбеди вода за граѓаните, денеска се ангажирани три цистерни со питка и техничка вода – од Територијалната противпожарна единица Гостивар, компанијата „Бехтел и Енка“ и Општина Боговиње.
Според Ангелов, цистерните досега двапати доставиле вода до населението, а до крајот на денот се планирани уште два круга на дистрибуција. Акцијата се спроведува во координација со Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Гостивар.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

