01 август 2026
• од Димитар Стојановски
Три нови сомнителни случаи на западнонилска треска се евидентирани на Клиниката за инфективни болести, а лабораториските резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден, изјави за ТВ 24 директорот на Клиниката, Фадил Цана.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена западнонилска треска. Од нив, тројца се во критична состојба и се приклучени на респираторна поддршка.
Западнонилската треска е вирусно заболување што најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец. Кај поголемиот дел од заразените лицата немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика, но кај мал број пациенти, особено постарите и хронично болните, може да се развијат сериозни невролошки компликации.
Здравствените власти апелираат граѓаните да преземат мерки за заштита од комарци, особено во вечерните часови, и да побараат лекарска помош доколку по убод се појават висока температура, силна главоболка, вкочанет врат или нарушена свест.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

