01 август 2026
• од Стефан Николов
Министерството за здравство соопшти дека внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка која по царски рез извршен во Клиничката болница во Штип останала со параплегија.
Од Министерството информираат дека е издаден налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, ќе биде инициран и стручен надзор за да се утврди дали постоеле пропусти во лекувањето и постапувањето на здравствените работници и здравствените установи.
Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека вонреден надзор ќе биде спроведен во сите три болници каде што се лекувала Станка Михајлова од село Баница. Покрај тоа, експерти од областа на гинекологијата, неврологијата и урологијата ќе извршат стручна анализа за да утврдат дали при царскиот рез е направена медицинска грешка што довела до тешката компликација.
Од Министерството апелираат да не се носат предвремени заклучоци додека не завршат сите надлежни постапки и најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана за резултатите од надзорот и евентуалните понатамошни мерки.
Ахмети: Европскиот пат и Охридскиот договор се темелите на иднината на земјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

