01 август 2026
• од Никола Трајковски
Деветгодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Куманово–Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера во 15:53 часот во СВР Куманово.
Девојчето било удрено од патничко возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (20), двајцата од Куманово.
Повреденото дете било пренесено во Општата болница во Куманово, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
За случајот е известен јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Ахмети: Европскиот пат и Охридскиот договор се темелите на иднината на земјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

