01 август 2026
• од Тодор Вангелов
Триесет и деветгодишен скопјанец е лишен од слобода по претрес во автокамп на охридското крајбрежје, при што полицијата пронашла марихуана, бела прашкаста материја и други предмети поврзани со дрога.
Според Министерството за внатрешни работи, на 31 јули 2026 година полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишиле од слобода В.С. (39) од Скопје.
При претрес во камп-приколка и на дворното место, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени шест кеси со марихуана, фолија со бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети.
По целосното документирање на случајот, против В.С. ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Ахмети: Европскиот пат и Охридскиот договор се темелите на иднината на земјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

