01 август 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека неговата партија нема да поддржи, а ќе се обиде и да го блокира законот за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, доколку повторно биде предложен во истата форма.
На брифинг со новинарите, Филипче оцени дека предложениот закон е спорен и тврдеше дека со него Владата се обидува да ги заобиколи правилата за јавните набавки и да овозможи нетранспарентно трошење на јавните средства.
„Таков закон не смее да помине. Ќе ги преземеме сите демократски механизми да го блокираме ако остане во истата форма“, изјави Филипче.
Тој додаде дека СДСМ ќе го разгледа новиот предлог кога законот повторно ќе се најде на дневен ред во Собранието во септември.
Ахмети: Европскиот пат и Охридскиот договор се темелите на иднината на земјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

