30 јули 2026
• од Темелко Тошев
Дали јавните комунални претпријатија непотребно трошат народни пари на приватни фирми за услуги кои би требало самите да ги извршуваат? Иако нивната примарна цел е грижа за јавните површини, се почеста е праксата овие институции да ангажираат надворешни соработници за основните комунални задачи.
Одржување на фонтани, сервисирање на пумпи, поправка на водоводната инфраструктура, како и редовно одржување на парковите и останатата комунална опрема – сето ова често се става во рацете на приватни изведувачи. Ваквата ситуација отвора низа прашања, пред сè затоа што јавните претпријатија веќе имаат свои служби и вработени кои земаат плата токму за извршување на слични, ако не и исти задачи.
Недостаток на капацитет или нерационално трошење?
Во јавноста и меѓу граѓаните со право се наметнува дилемата дали ваквите ангажмани навистина се резултат на реална потреба од специјализирани услуги кои претпријатието не може да ги пружи, или пак се јасен показател за нивниот недоволен капацитет и неорганизираност во извршувањето на сопствените обврски.
Ако јавните претпријатија веќе располагаат со сопствен кадар, опрема и механизација, нејасно е зошто се издвојуваат дополнителни финансиски средства за услуги кои се во описот на нивната основна дејност.
Милионски долгови, а пари за надворешни услуги има
Овој начин на работење станува уште поконтроверзен доколку се земе предвид финансиската крвна слика на овие институции. Добро познато е дека голем дел од комуналните претпријатија во земјава со години работат со загуби и акумулираат огромни долгови. Поради ваквата состојба, тие неретко бараат дополнителна финансиска поддршка и субвенции од буџетите на општините за да можат воопшто да функционираат.
Целосната анализа за оваа тема и за тоа како се менаџираат парите на граѓаните преку комуналните претпријатија е објавена во најновиот број на неделникот „Фокус“.
Ахмети: Европскиот пат и Охридскиот договор се темелите на иднината на земјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

