30 јули 2026
• од Темелко Тошев
Македонија се соочува со сериозни демографски и економски предизвици, кои директно се рефлектираат врз пазарот на труд. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС), земјата во изминатата деценија забележала драстично намалување на бројот на економски активното население.
Имено, во текот на 2025 година, бројот на економски активни лица изнесувал 796.399. За споредба, во 2015 година овој број изнесувал 954.924 лица. Ова покажува неверојатно намалување од дури 158.525 лица, односно пад од околу 16,6 проценти за период од само десет години.
Активното население ги опфаќа сите лица кои работат или активно бараат работа, односно тие се темелот на учеството на пазарот на трудот. Сериозниот пад на оваа категорија директно влијае врз понудата на работна сила, ја намалува продуктивноста на домашната економија и претставува сериозна закана за долгорочниот економски раст на државата.
Експертите со години алармираат дека зад овие негативни трендови стојат неколку клучни фактори:
Со се поголемиот недостиг од работна сила во клучните сектори, обезбедувањето доволно кадар останува еден од најголемите предизвици за креаторите на економските политики во периодот што следи, доколку се сака да се ублажат последиците од оваа длабока пазарна криза.
Ахмети: Европскиот пат и Охридскиот договор се темелите на иднината на земјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

