30 јули 2026
• од Темелко Тошев
Македонија дефинитивно ги загуби неповратните средства од ИПА фондовите на Европската Унија, кои беа наменети за еден од најважните инфраструктурни проекти – доизградбата на железничката пруга кон соседна Бугарија. Причината за овој финансиски удар се поминатите временски рокови и континуираното доцнење на изведбата на проектот.
Откако европските пари станаа недостапни, Владата беше принудена да премине кон промена на договорите, со цел грандиозниот проект да може да продолжи да се финансира и реализира преку користење на веќе договорените кредити.
Во законското решение кое веќе е испратено до Собранието, прецизно се објаснува новонастанатата ситуација: „Со оглед на фактот дека во предвидениот рок не беше склучен договор за градба, ИПА алоцираните средства за овој проект повеќе не се достапни, па оттука и Секторот за централно финансирање и склучување на договори во Министерството за финансии нема повеќе надлежност за спроведување.“
Поради ваквиот развој на настаните, како што се посочува во документот, се јавила неопходна потреба за промена на финансиската и имплементациската структура на проектот, односно промена на институцијата која ќе ја има надлежноста и одговорноста за спроведување на тендерската постапка за градба.
Пред пратениците во Собранието веќе се наоѓаат две законски решенија чија главна цел е правно усогласување со новата реалност. Суштината на овие измени е од законите да се избрише формулацијата дека проектот „делумно се финансира и преку Инструментот за претпристапна помош-ИПА на Европската Унија“, бидејќи државата сега ќе мора да се потпре на задолжувањата за да ја заврши пругата кон источниот сосед.
Ахмети: Европскиот пат и Охридскиот договор се темелите на иднината на земјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

