29 јули 2026
• од Темелко Тошев
По неодамнешните изјави на премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија е економски на прво место во Европа, од опозициската СДСМ преку соопштение реагираат дека реалноста е сосема поинаква, посочувајќи дека уште една странска компанија најавила заминување од државата.
Како што информираат од партијата, германската компанија „БМЗ“ донела одлука да го затвори својот производствен погон лоциран во општина Илинден и своето производство да го пресели во Полска. Според СДСМ, овој потег ќе остави околу 90 работници без своите работни места, а истовремено пропаѓаат и најавите за нови вработувања.
„Ова е веќе трета странска компанија која за краток период одлучува да ја напушти државата. Претходно заминаа „Аптив“ и „Дура“, додека „Џонсон Мети“, најголемиот извозник во земјата, го намалува бројот на вработени“, се истакнува во соопштението на СДСМ.
Од опозициската партија обвинуваат дека ова е вистинската слика за економијата по две години власт на Мицкоски. Според нивните тврдења, наместо нови инвестиции, странските вложувања бележат пад од 60%.
„Наместо нови инвестиции, имаме затворени фабрики. Наместо нови работни места, македонските работници добиваат откази. Ова е уште една потврда за дебаклот на Христијан Мицкоски во економијата. Странските инвеститори немаат доверба во криминалната власт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, заклучуваат од СДСМ.
Ова соопштение доаѓа во период на засилени политички препукувања меѓу власта и опозицијата околу економската стабилност и инвестициската клима во земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

