28 јули 2026
• од Темелко Тошев
Општина Прилеп упати итно предупредување до жителите на селата Ореовец и Леништа, откако најновите лабораториски анализи покажаа дека водата од локалните јавни чешми е здравствено неисправна и контаминирана со бактерии. Надлежните препорачуваат максимална претпазливост при користењето на овие водоснабдителни објекти.
Според официјалното соопштение од Општината, резултатите се алармантни за две локации:
Село Ореовец – Задолжително превривање на водата! Анализите на водата од локалниот водоснабдителен систем, односно од јавната чешма во центарот на Ореовец, покажале присуство на бактерии од цревно потекло и зголемен број бактериски колонии на 37 степени. Поради ова, Општината строго препорачува водата да не се конзумира без претходно вриење во траење од најмалку 10 минути.
Село Леништа – Водата воопшто да не се користи за пиење! Во центарот на селото Леништа ситуацијата е уште посериозна. Лабораториските наоди за јавната чешма потврдиле присуство на цревни бактерии и значително зголемен број на колонии на 22 и 37 степени. Надлежните апелираат водата од оваа чешма воопшто да не се користи за пиење.
Од Општина Прилеп нагласуваат дека веќе се разгледуваат опции за трајно надминување на овој проблем. За двата објекта е неопходно воведување на соодветно техничко решение кое ќе овозможи континуирана и редовна дезинфекција, со цел водата што поскоро да биде безбедна за секојдневна употреба од страна на жителите
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

