27 јули 2026
• од Темелко Тошев
Услугата за која граѓаните често се жалат дека не се извршува навреме, сега ќе чини поскапо. Советот на Општина Куманово изгласа зголемување на цената за собирање и транспорт на отпад за околу 30 проценти.
Додека граѓаните реагираат и се жалат, локалните власти ваквата одлука ја оправдуваат со зголемувањето на оперативните трошоци. Оваа одлука, која беше донесена на почетокот на јули, наиде на остри критики кај кумановци кои велат дека таа дополнително ќе го оптовари нивниот домашен буџет.
Жителите на Куманово реагираат дека пред воопшто да се размислува за зголемување на цената, надлежното јавно претпријатие требало да почне да нуди поквалитетна и поредовна услуга.
Дел од нив коментираат дека наместо да се олесни финансискиот товар на граѓаните во време на економска криза, локалните власти се одлучиле за непопуларен чекор и дополнително удираат по нивниот џеб преку повисоките сметки за ѓубретарина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

