27 јули 2026
• од Темелко Тошев
Силното невреме кое минатата недела го зафати Скопје предизвика оштетување на еден од трите „ер трактори“ со кои располага Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Поради ова, државата во екот на противпожарната сезона привремено ќе функционира со намален капацитет од овој тип на летала.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, во изјава за телевизија Сител појасни дека штетата најверојатно не е голема, но леталото мора да биде надвор од употреба поради строгите безбедносни процедури. Тој информираше дека веднаш е контактирана компанијата „Титан“, која е задолжена за нивно сервисирање.
„Стапивме во контакт со фирмата која е задолжена за сервис и побаравме најбрзо што може да испратат механичари. Јас очекувам дека и нашите механичари ќе може да се справат со овој предизвик, но правилата во воздухопловството се многу строги и налагаат прво да дојде нивна екипа тука“, изјави Ангелов.
Иако во наредните денови третиот „ер трактор“ нема да биде на располагање, Ангелов смирува дека гаснењето на пожарите од воздух нема да биде доведено во прашање. Покрај преостанатите два „ер трактори“, воздухопловната флота за справување со огнените стихии е засилена и со два полициски и еден армиски хеликоптер.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

