25 јули 2026
• од Темелко Тошев
Бугарија останува цврсто на својот став во однос на евроинтеграцискиот пат на Северна Македонија, потенцирајќи дека заштитата на бугарскиот идентитет и националниот интерес е прашање од кое нема да има отстапки. Оваа порака ја упати Илијана Јотова, истакнувајќи ги тековните предизвици кои, според неа, постојат во односите меѓу двете држави.
Според нејзините зборови, Бугарија претставува дел од европската политика чии критериуми Северна Македонија мора да ги исполни за да напредува кон ЕУ. Сепак, таа посочи дека во земјава сè уште постои „тежок проблем со човековите права и историската правда“.
Во својата изјава, Јотова директно се осврна и на прашањето за потеклото на писменоста и културното наследство.
„Нека ми каже некој каде е создадена бугарската азбука — зарем не е создадена во преславските скрипториуми? Кој друг народ, освен нас, ја распространи оваа азбука и создаде толку голема култура?“, праша Јотова во своето обраќање.
Таа нагласи дека намерата не е да се водат постојани спорови со соседот, туку исклучиво да се бранат сопствените позиции.
„Ние не сакаме бескрајно да се расправаме со Северна Македонија, туку станува збор за заштита на идентитетот и националниот интерес, а тука не можеме да отстапиме“, заклучи категорично Јотова.
Ваквата изјава е во линија со континуираните барања од официјална Софија, вклучително и цврстите ставови на премиерот Румен Радев, за строго придржување кон европските критериуми и бескомпромисна заштита на националните позиции во рамки на преговарачкиот процес.
Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење: Забраната останува на сила до вторник
Бугарскиот бизнис го освојува африканскиот пазар: Од егзотика до стратешки приоритет
Уапсена Македонка во Црна Гора: Прегазила куче, па се обидела да ја напушти државата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

