26 јули 2026
• од Гоце Кически
Во новите руски напади низ Украина во изминатите 24 часа загинаа најмалку осум лица, а десетици се повредени. Меѓу погодените цели се станбени објекти и трговски центар во Криви Рих.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во напад со дрон врз Харков загинало едно лице, а деветмина се повредени. Според него, погодени се и станбени згради, а на терен интервенираат спасувачките служби.
Во Дњепропетровската област загинаа две жени, на возраст од 35 и 74 години, по руски напади со дронови, артилерија и авионски бомби. Во Запорошката област едно лице загина, а најмалку 12 се повредени. Локалните власти соопштија дека во изминатото деноноќие биле извршени повеќе од 1.000 напади врз 50 населени места.
Во Херсонската област, според украинските власти, загинале уште две лица, а 24 се повредени. Оштетени се станбени згради, црква, бензинска пумпа, продавници, гасоводи и друга цивилна инфраструктура.
Во Сумската област животот го загубил 53-годишен маж, а осум лица се ранети.
Украинските власти исто така соопштија дека во Криви Рих бил погоден трговски центар, при што избувнал пожар во продавница за градежни материјали. Според првичните информации, спасувачките екипи интервенирале за локализирање на огнот.
Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење: Забраната останува на сила до вторник
Бугарскиот бизнис го освојува африканскиот пазар: Од егзотика до стратешки приоритет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

