28 јули 2026
• од Темелко Тошев
Според пресметките на невладините организации, околу една десетина од вкупниот број граѓани во државата се хомосексуалци или бисексуалци. Тие се присутни насекаде – од политиката и полицијата, па сѐ до свештенството.
Невладините организации во Македонија кои се занимаваат со правата на маргинализираните групи, спроведоа процес на мапирање и пребројување на ЛГБТ заедницата. Според нивната груба математика, во земјава живеат околу 200.000 припадници на оваа заедница, што претставува дури 10 проценти од вкупното население во државата.
Овие податоци произлегуваат од опсежно истражување во кое биле анкетирани 12.000 испитаници. Резултатите даваат детален, и за многумина изненадувачки пресек за тоа во кои професии работат овие лица.
Стотици во полицијата, армијата и политиката
Статистиката покажува дека ЛГБТ лицата се дел од речиси сите клучни институции и професии во општеството. Според податоците:
Социјален и демографски пресек: Дел се принудени на проституција
Истражувањето открива и детали за интимниот и социјалниот живот на анкетираните. Од вкупно 12.000 испитаници, 9.540 лица изјавиле дека во интимни односи стапуваат исклучиво по сопствена волја и без никаков финансиски надомест.
Сепак, загрижувачки е податокот дека 2.460 лица признале дека наплатувале за своите услуги (со тарифи кои се движеле од 100 до 6.000 денари). Дел од нив истакнале дека на ваков чекор биле принудени од егзистенцијални причини, бидејќи државата не се грижи доволно за нивниот статус и опстанок.
Во однос на сексуалната ориентација, од анкетираните 7.198 се изјасниле како бисексуалци, додека остатокот се декларирале како геј. Статистиката за бројот на партнери покажува дека повеќе од 2.500 испитаници имале до 10 партнери во животот, 3.000 имале до 30, додека 572 лица навеле дека имале над 50 партнери.
Верска припадност
Интересен е и религиозниот пресек на анкетираните припадници на ЛГБТ заедницата во Македонија. Резултатите покажуваат мултиконфесионална слика: 6.352 од анкетираните се изјасниле како христијани, 5.316 како муслимани, додека 332 припаѓаат на други религии.
Овие бројки, објавени во 2019 година, и натаму отвораат прашања и дебати во јавноста за видливоста на ЛГБТ заедницата во Македонија и нивното интегрирање во сите пори на секојдневното живеење.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

