28 јули 2026
• од Темелко Тошев
Организирана криминална мрежа во Управата за водење матични книги (УВМК), составена од легални матичари кои на диво склучуваат бракови по скопските хотели и ресторани, е разоткриена во најновото истражување на „Слободен печат“.
Според информациите, овие службени лица за сопствена материјална корист го заобиколуваат системот, со што директно го оштетуваат државниот буџет, но и колегите кои работат согласно законите.
Првата трага што го отворила овој случај бил совет споделен на македонски интернет-форум: „Еве ви телефонски број од матичар. Јавете му се, доаѓа во ресторан, нему му праќате лични карти, за цена ќе се договорите.“
Редакцијата на „Слободен печат“ дошла и до телефонски разговор кој директно инкриминира еден од матичарите. Во разговорот со идна невеста која барала термин за регистрација во ресторан за октомври, матичарот отворено понудил заобиколување на системот и наплата „на рака“.
Истата невеста сведочела дека при обидот регуларно и легално да поднесе барање за склучување брак во ресторан во септември, ѝ било кажано дека сите термини се зафатени, освен два кои воопшто не ѝ одговарале. Притоа, ѝ бил вршен невиден притисок веднаш да закаже во еден од тие два термина, бидејќи во спротивно регистрацијата нема да се одржи.
Оваа уиграна шема на матичарите отвора сериозни прашања за злоупотреба на службената положба и овластување. Останува да се види дали истражните органи и раководството на Управата за водење матични книги ќе преземат соодветни мерки за санкционирање на овој незаконски и профитабилен бизнис на грбот на младенците и државата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

