27 јули 2026
• од Стефан Николов
Водата од водоводната мрежа во Гостивар повеќе не е фекално загадена и може да се користи за техничка употреба, но граѓаните и понатаму не треба да ја пијат ниту да ја користат за подготовка на храна.
Од Управувачкиот комитет за управување со кризи соопштија дека последните анализи покажале оти во шест земени примероци три последователни дена не биле откриени колиформни бактерии. Сепак, ќе продолжат дополнителни испитувања за да се потврди дека водата е целосно безбедна и за пиење.
Емилија Аневска од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје изјави дека во наредните денови ќе се зголеми бројот на мерни точки во Гостивар и ќе се спроведуваат редовни контроли согласно правилникот за вода за пиење.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека здравјето и безбедноста на граѓаните мора да бидат приоритет и ги повика сите надлежни институции да постапуваат професионално и навремено при контролата на квалитетот на водата.
И од Општина Гостивар потврдија дека водата може да се користи само за технички потреби, додека активностите за целосно нормализирање на состојбата продолжуваат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

