27 јули 2026
• од Димитар Стојановски
Бугарија ќе побара активирање на член 5 од Северноатлантскиот договор доколку биде нападната со ракета од Иран, изјави бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов. Тој порача дека во моментов нема непосредна закана за земјата.
Изјавата доаѓа по реакциите за привременото распоредување на американски авиони-цистерни и воен персонал во воздухопловната база „Безмер“ во Бугарија.
Стојанов нагласи дека Бугарија е заштитена со противракетниот систем на НАТО, кој, според него, ја покрива целата територија на земјата. Додаде дека силите распоредени во Турција и во Средоземното Море веќе ја покажале својата ефикасност.
„Доколку дојде до таков напад, ќе побараме консултации и ќе биде активиран член 5. Не очекувам такво сценарио и сметам дека се преземени доволно мерки тоа да не се случи“, изјави Стојанов.
Членот 5 од Северноатлантскиот договор предвидува дека вооружен напад врз една членка на НАТО се смета за напад врз сите сојузници, кои потоа заеднички одлучуваат за мерките што ќе ги преземат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

