30 јули 2026
• од Темелко Тошев
Проблемот со загадената вода за пиење во земјава зема замав, а листата на градови и села каде водата е небезбедна за консумација секојдневно се проширува, предупредуваат од опозициската СДСМ преку писмено соопштение. Според партијата, по серијата градови со „отровна вода“, сега проблемот е лоциран и во Башино Село, како и во изворите во охридските села Елшани и Велестово.
„Веќе нема чисто место во Македонија“
Од СДСМ истакнуваат дека состојбата е алармантна и набројуваат редица населени места кои претходно се соочија со овој проблем: Гостивар, Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово и Маврово, како и реките Лепенец и Вардар. „Кој знае колку уште општини и градови се загадени, а ние сè уште не знаеме? Изгледа дека во Македонија веќе нема чисто место“, нагласуваат од партијата.
Рејтингот пред здравјето на граѓаните
Партијата упати остри критики кон власта, обвинувајќи ги премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот Игор Клековски за некомпетентност, бегање од одговорност и евтин пи-ар.
„Мицкоски зборува за 'нови бактерии' во Гостивар. Клековски ветува дека до крајот на неделата ќе може да се пие водата. Министерот за полиција Тошковски се занимава со хиперхлорирање како да работи во водовод. Секој си ја тера својата приказна. Собирање политички поени наместо заштита на здравјето на луѓето. На ВМРО и на Мицкоски повеќе им е важен рејтингот отколку здравјето на граѓаните“, велат од СДСМ.
Нема одговорност за епидемијата на жолтица
Дополнителен проблем, според опозицијата, е и тековната епидемија на жолтица за која сè уште нема виновници. Од СДСМ обвинуваат дека за користењето на техничката вода во Гостивар никој не гарантира со своето име и презиме, нема соодветни анализи, ниту пак институционален печат или потпис.
„Не сакаат да кажат која институција и кое лице дало дозвола. Нема одговорно лице. Само лаги, измами и префрлање одговорност. Ова повеќе не е криза со вода. Ова е системско труење на државата“, заклучуваат од СДСМ.
Ахмети: Европскиот пат и Охридскиот договор се темелите на иднината на земјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

