01 август 2026
• од Гоце Кически
Северна Македонија и Бугарија во Софија го одржаа првиот состанок на Заедничкиот комитет за подготовка и изградба на прекуграничниот железнички тунел на Коридор 8. Двете земји ја потврдија својата заложба за реализација на проектот и разговараа за следните чекори и можностите за негово финансирање.
Со состанокот претседаваа заменик-министерката за транспорт на Северна Македонија Калтрина Зеколи Шаќири и заменик-министерката за транспорт на Бугарија Цвета Тимева.
Заедничкиот комитет усвои процедурни правила за работа и индикативен распоред за подготовката и изградбата на тунелот. Двете држави испратија и заедничко писмо до Европската комисија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, со кое го потврдуваат својот ангажман за изградба на железничката врска.
Според бугарското Министерство за транспорт, Коридор 8 е клучен инфраструктурен проект што ќе ги поврзе Црното и Јадранското Море и ќе ја подобри транспортната поврзаност во регионот.
Калтрина Зеколи Шаќири изјави дека прекуграничниот железнички тунел е стратешки проект со регионално значење, кој ќе овозможи побрз и поефикасен превоз на патници и стоки, како и поголема економска соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Договорот за подготовка, изградба и експлоатација на прекуграничниот железнички тунел беше потпишан кон крајот на минатата година во Ѓуешево. Со неговата изградба треба да се воспостави недостасувачката железничка врска меѓу Северна Македонија и Бугарија како дел од Коридор 8.
Ахмети: Европскиот пат и Охридскиот договор се темелите на иднината на земјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

