03 август 2026
• од Тодор Вангелов
Голем број возила денеска создадоа километарски колони кон граничниот премин „Дојран“, поради што сообраќајот на регионалниот пат низ Стар Дојран е сериозно отежнат. Според информациите од граничниот премин, застојот трае повеќе од четири часа.
Колоната од возила се протега до црквата „Св. Илија“ на влезот во Стар Дојран. Од ГП „Дојран“ посочуваат дека причина за метежот е големата фреквенција на возила, при што службите од грчка страна не можат доволно брзо да ги обработат сите патници, па застојот се прелева и на македонската страна од границата.
Според последните информации од АМСМ, времето на чекање на ГП „Дојран“ за излез од државата изнесува околу три часа. На ГП „Богородица“ се чека околу три часа за излез и околу еден час за влез, додека на ГП „Табановце“ задржувањето е околу 30 минути за влез и излез.
АМСМ информира дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по суви коловози и препорачува внимателно возење, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на делниците каде што постои можност од појава на одрони.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

