03 август 2026
• од Стефан Николов
СДСМ реагира на изјавите на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, оценувајќи дека е недозволиво разговорите за, како што велат, судбината на државата да се водат без јавноста да биде информирана.
Од опозициската партија прашуваат како е можно иднината на Македонија да биде тајна за нејзините граѓани. Според нив, Муцунски тврди дека актуелната власт не е „попустлива“, но потсетуваат дека премиерот Христијан Мицкоски претходно го нарекол Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“.
СДСМ наведува дека претходната влада обезбедила членство во НАТО и почеток на преговорите со Европската Унија, оценувајќи дека тие процеси биле водени транспарентно, а не зад затворени врати.
Од партијата бараат Муцунски да ја информира јавноста за содржината на разговорите што ги води и упатуваат прашање до граѓаните дали имаат доверба во, како што велат, „тајните разговори“ што се водат во име на државата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

