03 август 2026
• од Тодор Вангелов
Во текот на изминатиот викенд, од 31 јули до 3 август, полициските службеници привеле 34 лица на територијата на целата држава поради сомнение за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“.
Според Министерството за внатрешни работи, од приведените, 23 лица управувале возило без возачка дозвола, девет биле затекнати зад воланот под дејство на алкохол, едно лице управувало нерегистрирано возило без возачка дозвола, а едно лице возело без возачка дозвола и под дејство на алкохол.
По целосното документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

