03 август 2026
• од Тодор Вангелов
Бугарските пратеници Крсто Врачев и Ангел Георгиев ги демантираат наводите дека нелегално ја преминале македонско-грчката граница, тврдејќи дека во спорниот момент се наоѓале на грчка територија.
Според Б2 Канал, Врачев и Георгиев се осврнале на настанот од 16 јуни 2025 година на Кајмакчалан, кога во јавноста се појавија информации дека нелегално ја преминале македонско-грчката граница. Тие ги отфрлаат таквите наводи, тврдејќи дека во тој момент се наоѓале на грчка територија и дека приказната за наводното нелегално влегување во Македонија не одговара на фактите.
Двајцата ги демантираат и информациите дека имаат важечка забрана за влез во Северна Македонија. Ангел Георгиев изјавил дека неговата двегодишна забрана за влез веќе истекла, додека Крсто Врачев тврди дека никогаш не му била изречена таква мерка.
Според телевизија Б2 Канал, Врачев и Георгиев неодамна престојувале во Кочани, каде присуствувале на судскиот процес против 23-годишната Ива Михаилова. Тие го следеле рочиштето и изразиле поддршка за Михаилова.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

