03 август 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на Албанската лига, Зијадин Села, заедно со претседателот на Собранието на партијата, Елми Азири, во Приштина се сретна со вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти.
По средбата, Села соопшти дека разговарале за политичките случувања во Косово, Македонија и регионот, како и за заедничките предизвици. Тој изјави дека била изразена загриженост поради, како што наведе, тенденциите за намалување на колективните права на Албанците во Македонија, при што го посочи и Законот за правична и соодветна застапеност.
На состанокот било разговарано и за инфраструктурните проекти меѓу Македонија и Косово, меѓу кои патните правци Скопје–Блаце и Тетово–Призрен.
Соговорниците оцениле дека европската интеграција останува единствениот и безалтернативен пат за регионот. Села ја нагласил и важноста од формирањето на институциите во Косово, поздравувајќи го политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата за продолжување на клучните процеси во земјата.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

