03 август 2026
• од Тодор Вангелов
СДСМ обвини дека вицепремиерот Иван Стоилковиќ преку интервју за српскиот весник „Политика“ ја оправдувал својата улога во Владата и соработката со премиерот Христијан Мицкоски.
Од опозициската партија тврдат дека Стоилковиќ е близок соработник на Мицкоски и дека одржува врски со официјален Белград и со проруски структури. Според СДСМ, неговото појавување во српски медиум претставува обид за промоција на владината коалиција надвор од државата.
„Стоилковиќ не е обичен министер. Тој е продолжена рака на Вучиќ во Владата на Македонија“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека Мицкоски го прифатил како „лојален партнер“.
Во соопштението, СДСМ оценува дека Владата ја оддалечува државата од европскиот пат и упатува критики дека, наместо интересите на граѓаните, се застапуваат туѓи политички влијанија. Од партијата порачуваат дека граѓаните ќе ја дадат својата оценка на следните избори.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

