05 август 2026
• од Тодор Вангелов
СДСМ обвини дека Македонија останала без повеќе од 60 милиони евра од ИПА фондовите за изградбата на железничката пруга кон Бугарија, поради тоа што Владата не избрала изведувач за третата делница од Коридорот 8.
Според опозициската партија, откако ВМРО-ДПМНЕ ја презела власта, проектот не напредувал, а државата продолжува да плаќа пенали за неповлечени средства од заемите обезбедени од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.
Од СДСМ тврдат дека Владата го запоставила Коридорот 8, додека приоритет му дава на Коридорот 10, оценувајќи дека со тоа се загрозуваат стратешките инфраструктурни интереси на државата.
Партијата посочува и дека државата во меѓувреме се задолжила со нови 41 милион евра преку издавање обврзници и тврди дека вкупното задолжување на Владата во изминатите две години надминало 2,5 милијарди евра.
Во соопштението, СДСМ упатува критики и за управувањето со европските фондови, оценувајќи дека земјата губи европски средства, додека расте јавниот долг. Партијата ја смета Владата за единствено одговорна за, како што наведува, ваквата состојба.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

