06 август 2026
• од Темелко Тошев
Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа трилатерален технички договор за спроведување на прекугранични операции за заштита на воздушниот простор (Air Policing) во рамките на НАТО, соопшти бугарското Министерство за одбрана.
Договорот е склучен врз основа на член 12 од Договорот меѓу владите на Република Бугарија и Романија од 2021 година. Овој документ отвора можност за вклучување на дежурни борбени авиони од трета земја во прекуграничните операции за воздушно патролирање, што во овој конкретен случај е Кралството Шпанија.
Како дел од Интегрираниот систем за воздушна и ракетна одбрана на НАТО (NATINAMDS), декларираните сили на Шпанија ќе можат да извршуваат задачи за воздушно патролирање во воздушниот простор на Романија, каде што моментално се стационирани, како и во бугарскиот воздушен простор доколку за тоа се укаже потреба.
Спроведувањето на заеднички мисии за заштита на воздушниот простор заедно со други земји-членки на НАТО е дел од воспоставените механизми на Алијансата чија цел е да се гарантира воздушната безбедност на земјите кои се наоѓаат на Источното крило.
Од Министерството за одбрана на Бугарија појаснуваат дека овој чекор значително придонесува за продлабочување на соработката во областа на воздушната и ракетната одбрана меѓу сојузниците, како и за зголемување на капацитетите за колективна одбрана.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

